КФОР утрово ја презеде контролата врз главната раскрсница на влезот во Звечан

од Stefanija Kuzmanovska

Рано утринава припадниците на КФОР ја презедоа контролата врз главната раскрсница на влезот во градот Звечан, како и неколку други раскрсници во самиот град.

Тоа беше направено во согласност со договорот со Српска листа, која бараше од КФОР да се распореди на местата каде што беа припадниците на косовската полиција.

Исто така, дополнителни сили на КФОР се распоредени на влезот во Звечан од правец на Косовска Митровица.

Слични содржини