Кичевка лишена од слобода зашто целосно ја запуштила својата малолетна ќерка

од Vladimir Zorba

Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода М.С.(34) од Кичево зашто целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, соопшти МВР.

М.С. е уапсена вчера во 14.00 часот поради, како што наведува МВР, грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување. За ваквиот однос кон детето е известен Центарот за социјални работи од Кичево.

По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини