Киелини: Го елиминиравме Тотенхем од искуство и историја

од Vladimir Zorba

Еден од големите лидери на италијанскиот хегемон Јувентус – Џорџо Киелини, изјави дека „Старата Дама“ го отстранила Тотенхем од 1/8-финалниот судир од Лигата на Шампионите со искуство и историја.

„Бјанконерите“ синоќа стигнаа до драматичен пресврт среде Лондон – со 2:1, и со вкупен резултат 4:3 се пласираа во следната фаза на турнирот.

„Беше тежок натпревар и токму тоа и го очекувавме. Во првото полувреме имавме доста проблеми, но знаевме дека ќе имаме свои шанси и ги искористивме. Ние се претставивме добро, а судбината помага на храбрите. Тотенхем имаше свои шанси. Тие се добар тим и наскоро ќе почнат да освојуваат слични натпревари. Понекогаш имаш потреба од една искра, можеби еден трофеј. Ние сепак се потпиравме на нашето искуство и на најдобар начин ги искористивме околностите“, изјави Киелини, кој беше еден од најдобрите на теренот и тотално ја неутрализираше ѕвездата на „петлите“, Хари Кејн.

„Го гледавме првиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ и уште во него се гледаше кој тим мора да победи. Не е случајно тоа што Реал има проблеми во Ла Лига, но тие не грешат во слични натпревари. Година по година ние собираме искуство. Првата година имавме среќа во ждрепката, но по успехот над Реал Мадрид ни даде вистинската доверба. Постојано учиме, но со класата која ја имаме, треба да играме подобро. Свесни сме за тоа, не сме слепи. Не може едноставно да се радуваме на резултатот и да не си носиме заклучоци. Добро е што уште сме во турнирот и ќе продолжиме да се бориме до крај“, додаде тој.

Слични содржини