Киев: Русија лансираше 42 дронови кон југот на Украина, повредени цивили

од Stefanija Kuzmanovska

Русија синоќа лансираше 42 дронови и шест проектили кон Украина, од кои украинската воздушна одбрана уништи 41, но нивните остатоци оштетија згради, магацини и повредија 11 лица во јужните региони, соопшти денеска украинската армија.

Беа лансирани дронови „шахед“, а повеќето од нив беа соборени во регионот на Одеса, соопшти украинското воздухопловство на Телеграм.

Украинската војска соопшти дека делови од соборените беспилотни летала оштетиле повеќе од 10 згради во Одеса и повредиле 11 цивили, меѓу кои и три деца.

Слични содржини