Ким Кардашијан се повлече од очите на јавноста откако беше жртва на застрашувачки вооружен грабеж во нејзиниот изнајмен апартман во Париз.
Снимањето на нејзиното риалити шоу е прекинато и таа сеуште не изјавила ништо на социјалните медуими, како што кружат гласини дека таа самата е виновна за несреќниот инцидент поради зависноста од фалење на нејзиното богатство на социјалните медуими како Snapchat и Instagram.
Но, за некој чијшто бизнис се основа на нивното постојано прикажување во јавноста, оваа одлука може скапо да ја чини. Експертите наведуваат дека загубата може да ја кошта неверојтна сума од речиси 1 милион долари, месечно.
Изјавувајќи за списанието “People”, финансискиот советник на славни личности, Семјуел Рад објаснува дека секој “пост” што е споделуван на социјалните медиуми чини околу 20,000 долари. Меѓутоа, доколку постапи правилно, Ким во блиска иднина може да добие и голема плата.
“Мислам дека ќе се случи следново… Првиот “пост” што таа ќе го сподели, ќе привлече уште многу следбеници и ќе биде хит” објасни тој.
Но, засега приоритетот на Ким е безбедноста на нејзиното семејство. Портпаролот за нејзиното риалити шоу изјави:
“Безбедноста на Ким е нашиот суштествен фокус во моментов. Никаква одлука не е направена во врска со продолжение на снимањето на шоуто.”