Кина ќе лансира вештачка месечина, како замена за уличното осветлување

од desk2
116 прегледи

 

Кина планира да лансира сопствена вештачка месечина од 2020 година чија задача ќе биде да го замени уличното расветлување и да ги намали трошоците за електрична енергија во урбаните места.


Градот Ченгду во југозападната кинеска провинција Сичуан развива „сателити за осветлување“ кои ќе светат заедно со вистинската Месечина, но нивната светлина
ќе биде осум пати посилна, пишува China Daily.

Првата вештачка месечина ќе биде лансирана од Центарот за лансирање сателити Сичанг, а потоа во 2022 година ќе бидат лансирани уште три ако првиот биде успешен.

Сателитите ќе ја рефлектираат сонќевата светлина и на тој начин ќе може да се замени уличното осветлување во урбаните делови од земјата со што ќе се заштедат 170 милиони долари годишно за електришна енергија во градот Ченгду и тоа во случај вештачката месечина да осветли 50 квадратни километри.

Вонземскиот извор на светлина би може да ги олесни напорите за спасување во случај на катастрофи.