Кина е државата се најмногу извршени егзекуции во светот во 2016 година . Ова станува јасно од извештај на “Амнести интернешенел”, цитиран од Франс прес.

Вкупно минатата година се убиени 1 032 лица.

Генерално е забележан пад на егзекуциите во светот  – пад за 37% во споредба со претходната година. Во 2015 година биле егзекутирани 1 634 лица од 25 земји.

Организацијата за заштита на човековите права е проценува дека Кина, Иран, Саудиска Арабија, Ирак и Пакистан се одговорни за повеќе од 90% од извршените минатогодишните егзекуции.

Во извештајот се истакнува дека “илјадници” биле егзекутирани, но стотици смртни пресуди, вклучувајќи случаи со странци, не се вклучени во јавната база на податоци со пресудите во Кина. Владејачката Комунистичка партија  бројот на егзекутирани го третира како државна тајна и не откриваат конкретни информации.

Се верува дека во Кина биле егзекутирани “илјадници” луѓе – многу повеќе од најмалку 1 023 егзекуции во 23 држави во 2016 година

Извор: iStock

Според локалните медиуми, најмалку 931 лица се егзекутирани меѓу 2014 и 2016 година, но само 85% од нив се во базата на податоци.

Иран убил 567 луѓе во 2016 година, главно за наркопресапи. Потоа е Саудиска Арабија со најмалку 154 егзекуции и Ирак со 88.

Повеќе од 3.000 луѓе се осудени на смрт во 55 држави во текот на изминатата година или 56% скок од 2015 година

За прв пат од една деценија САД  отпаднаа од првата петорка, заземајќи седмото место по Египет. Во изминатата година се извршени 20 егзекуции – за прв пат толку мал број од 1991 година Повеќето од егзекуциите се извршени во Џорџија и Тексас, додека 19 држави ја  укинале смртната казна. 32 лица се осудени на смрт – најниското ниво од 1973 година