Кинеската телевизија цензурара деколтеа, западен стил на живот, патување низ времето

од Vladimir Zorba
102 прегледи

 

Кинеската регулаторна агенција издаде нови мерки за прикажување на телевизиската програма, со кои се забрануваат емисии кои промовираат западен стил на живот. Оваа популарна тема е додадена на веќе долгиот список на веќе цензуирани програми.svetlana-ceca-raznatovic-dekolte_0

Телевизиските емисии би требало да се воздржуваат од давање премногу значење на западниот начин на  живот и од емисиите кои на шеговит начин ја претставуваат кинеската култура и традиција.

– Телевизиите не би требало да ставаат ѕвезди, милијардери ниту интернет ѕвезди на пиедестал, ниту пак сензационализирање на приватни афери, љубовни врски ниту пак семејни спорови, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

На кинеските телевизии забранети се деколтеа откако се појави серија која заради прикажување женски гради доби прекар “Сага за градите на Ву“.

„Сагата на Ву Цеитан“ е повлечена во јануари 2015 година заради наводни технички проблеми, за да се врати на малите екрани  по неколку денови и тоа со многу помалку „голотија“.

Кина исто така, забрани на деца да глумат во филмови, а причина е загриженоста дека ќе стекнат слава во младите денови. Децата би требало безгрижно да уживаат во детството, така што е укината и една од најпопуларните серии во Кина каде децата се во главните улоги.

Во март оваа година, регулаторната агенција донесе одлука и против прикажување пиење алкохол и пушење цигари на телевизија, како и тепање и која било  форма на „нездраво однесување“

Кина има голем проблем со конзумирање на алкохол и цигари, а во оваа земја милион луѓе годишно умираат од болести поврзани со цигарите.

Во Кина до пред 15 години хомосексуалноста се сметаше за ментална болест, а денес во кинеските градови нормално се одржуваат Паради на гордоста. Сепак, телевизијата одлучи да ја цензуира и хомосексуалноста која ја ставија во категоријата „абнормално сексуално однесување“, заедно си инцестот и злоставувањето.

Популарната серија „Adiction“, приказна за две момчиња во љубовна врска која привлече десет милиони гледачи во првите денови на прикажувањето, токму поради оваа забрана е повлечена од  ТВ екраните во февруари оваа година.

Кина забранува и прикажување на филмови каде има теми за патувања нив времето, со изговор дека оваа теорија не е доволно базирана врз основа на науката и логиката.