Кинески астронаути со вселенска прошетка која траеше 7 часа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Астронаути ја завршија првата вселенска прошетка пред новата кинеска орбитална станица во неделата, со цел да постават камери и друга опрема со помош на роботска рака, објавија државните медиуми.

Лу Боминг и Тенг Хонгбо излегоа од воздушната комора на вселенската станица и поминаа вкупно седум часа извршувајќи ги своите задачи. Трет член на екипажот, командант Ни Хаишенг, остана внатре за да ги поддржува своите астронаути.

Мисијата дојде неколку дена откако Пекинг ја прослави 100-годишнината од владејачката Комунистичка партија.

Слични содржини