Кинески научници објаснија зошто не треба да си легнуваме лути

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Смирете се и … добра ноќ!

1480511747-rfre
Кинески научници објаснија зошто никогаш не треба да си легнуваме лути – во слична состојба мозокот ги фиксира негативните емоции и потешко ќе го заборавиме овој лош спомен, соопшти “Дејли мејл”. Според тимот на Универзитетот во Пекинг ноќниот сон помага за реорганизација на негативните сеќавања во мозокот, при што тие стануваат потешки за бришење.
Научниците истакнуваат дека резултатите од нивното истражување може да фрли дополнително светло врз пост-трауматски стрес и неговите последици.

Нашата способност да бришат негативните спомени сочинува суштински дел од менталното здравје.

Во овој процес се активира протокот на крвта во хипокампусот, каде се формираат новите спомени.

Но по спиење, активноста се преселува кон неокортексот, надворешната област на мозокот поврзана со највисоките функции.

Токму на тој начин негативните емоции се консолидираат.

Научниците спроведоа обиди за отстранување на лошите спомени со 73 ученици, чии мозоци биле подложени на скенирање.