Кисинџер: Владимир Путин е лик од роман на Достоевски (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави за „Блумберг“ дека е „малку веројатно“ претседателот Владимир Путин да продолжи да владее доколку Русија биде принудена да се откаже од воената агресија во Украина.

Кисинџер изјави за „Блумберг“, пренесува московскиот портал themoscowtimes.ru, дека Путин е лик од роман на Достоевски, растргнат од противречности и неразумни аспирации.

„Тој многу добро научи да ја држи власта во свои раце, но во случајот со Украина го користеше тоа прекумерно“, смета Кисинџер.

Овој портал посочува дека Кисинџер во федералните медиуми дури бил нарекуван дури и „пријател“ на Путин.

Во интервјуто за „Блумберг“, кое го спроведе главниот уредник, Џон Миклетвејт, по повод 100-тиот роденден на дипломатот и добитник на Нобеловата награда за мир, Кисинџер истакна дека Путин ги дели традиционалните руски ставови, и дека е важно што тој израснал на улиците на Ленинград, град кој ја преживеа блокадата за време на Големата патриотска војна.

Како резултат на тоа, тој „никогаш не сакал европската воена моќ лесно да стигне до Санкт Петербург или други големи градови како Москва“.

Кисинџер ја опиша реакцијата на Путин на проширувањето на НАТО како „на граница на ирационалноста“.

„Кога Русија ќе го признае фактот дека не може да ја освои Европа“, смета Кисинџер, „Европа и светот ќе станат постабилни, но во исто време, Русија мора да остане дел од Европа“.

„Но, ако Русија може да се откаже од својата агресија во Украина и да преговара за мир со Европа, тоа ќе има лошо влијание врз судбината на самиот Путин“, смета тој.

„Би сакал да видам Русија која ќе признае дека нејзините односи со Европа треба да се засноваат на договор и некој вид консензус и верувам дека оваа војна ќе го овозможи тоа ако се заврши како што треба“, рече Кисинџер.

На прашањето дали Путин ќе остане на власт доколку војната заврши под такви услови, дипломатот одговори: „Тоа е малку веројатно“.

Слични содржини