Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упорно не свикува седница на Комисијата. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ“, вели денеска Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

„На тој начин, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, во никој случај нема да се случат“, смета Китев.

Слични содржини