Ќе го прашате Ахмети дали ќе бидам носител на изборната листа, порача Џафери

од Nikola Popovski

Ќе одите во Тетово и ќе го прашате лидерот на партијата и органите. Јас не размислувам за тоа, туку размислувам за извршување на актуелните обврски, вели премиерот и член на ДУИ, Талат Џафери одговарајќи на прашањето дали ќе биде носител во првата изборна единица за парламентарните избори.

Како што додаде Џафери, не учествува во постапката за изборните листи на ДУИ, туку секојдневно извршува обврски во Владата.

Во ВМРО-ДПМНЕ останува да го решат носителот во петката, останатите се познати: Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски и Дафина Стојановска.

Во СДСМ пак, покрај сигурниот Димитар Ковачевски копјата се кршат меѓу Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски и оливер Спасовски, но тука се споменуваат и Венко Филипче, Јованка Тренчевска и Славјанка Петровска. Од останатите партии кои ќе учествуваат на изборите во првата изборна единица се најави лидерот на Левица, Димитар Апасиев и скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Албанските политички партии главната битка ќе ја водат во шестката. Таму се очекува дуел на Али Ахмети со Биљал Касами додека Изет Меџити и Африм Гаши се очекува да се распоредат во првата и втората изборна единица.

Слични содржини