Ќе присуствува ли Путин на погребот на Пригожин?

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, изјави дека се уште не може да се каже дали претседателот Владимир Путин ќе присуствува на погребот на основачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Тој објасни дека се уште не се знае колку ќе траат истражните постапки, а шефот на државата, генерално, има густ распоред.

„Засега не е познато. Факт е дека не знаеме колку време ќе траат испитувањата и неопходните дејствија поврзани со истрагата. Затоа, сега, кога нема датум за погреб, воопшто не може да се зборува за тоа. Единствено што можам да кажам е дека претседателот сега има прилично густ работен распоред“, рече Песков како одговор на прашањето дали Путин ќе присуствува на погребот на Пригожин.

Слични содржини