Кличко сака да се врати во рингот после војната

од Nikola Popovski

Пензионираниот украински боксер Владимир Кличко изјави дека сака да се врати во рингот доколку војната во Украина наскоро заврши.

Кличко сака да го собори рекордот на Џорџ Форман како најстар боксер што освоил титула на 45 години. Украинецот неодамна наполни 46 години.

„Сфатив дека покрај тоа што војната е во тек, не смеете да го заборавите својот живот. Спортот е дел од мојот живот. Не можам да ветам ништо големо, но ако сум во добра форма, а пред се војната во Украина наскоро заврши и инвазијата ќе престане, тогаш кој знае, се е можно“, рече Кличко.

Тој се осврна и на рекордот на Форман, кој сака да го собори.

„Сонувам да го соборам рекордот на Форман и да станам најстариот шампион во тешка категорија во историјата. Ме мотивира да станувам секој ден и да тренирам. Секој има своја мотивација. Не сакам да си ја скршам вилицата, сакам да поставам рекорд. Но пред се сакам мир. Кога ќе дојде мирот, тогаш повторно ќе разговараме за ова“, рече Кличко.

Владимир Кличко се пензионира во 2017 година, откако на „Вембли“ пред околу 90.000 луѓе беше поразен од Ентони Џошуа.

Слични содржини