Климатските промени го удвоија бројот на топли денови во светот со температури до 50 степени

од Vladimir Zorba

Во споредба со резултатите од мерењата од 1980 година, поради климатските промени, бројот на топли денови во светот е двојно зголемен, а температурите достигнуваат и до 50 Целзиусови степени.

Високите температури денес влијаат на повеќе области во светот отколку порано, што е невиден здравствен предизвик за луѓето и удар за нашиот начин на живот, откри глобалната анализа на Би -Би -Си.

Вкупниот број денови со температури над 50 Целзиусови степени се зголемува во секоја деценија од 1980 година.

Помеѓу 1980 и 2009 година, температурите во просек изнесуваа 50 степени околу 14 дена во годината, но овој број се искачи на 26 дена годишно помеѓу 2010 и 2019 година.

– Ова зголемување може 100 проценти да се припише на согорување на фосилни горива – вели д -р Фредерик Ото, помошник директор на Институтот за промени во животната средина на Универзитетот во Оксфорд.

Слични содржини