Клоп по триумфот во ФА купот: Ние сме чудовишта на психологијата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се пофали и себеси и играчите на Челси по освојувањето на ФА Купот.

„Црвените“ го совладаа тимот од Лондон на „Вембли“, исто како и во финалето на Лига купот, по подоброто изведување пенали (0:0, 6:5).

„Тоа може да се случи. Беше тоа извонреден и многу интензивен натпревар. И тие ја заслужија победата, како во финалето на Лига купот, толку е мала разликата меѓу екипите“, рече Клоп и продолжи:

„Многу сум горд на момците, колку труд вложија, како успеаја да се регрупираат по раните промени. Мислам дека Вирџил ван Дајк е добро, но повреди мускул. Сите тие работи, пропуштени можности, шанси за Челси, навистина одлични моменти за нас“.

Германскиот тренер истакна дека сочувствува со „сините“.

„Морав да бидам нервозен при изведувањето пенали. Многу сочувствувам со Челси, втор пат играш 120 минути, но на крајот не добиваш ништо. Но, јас сум исклучително среќен за нас. Ние сме чудовишта на психологијата, но „сините“ беа исто чудовишта. Се беше решено со само еден пенал. Челси прикажа извонредна игра, но има само еден победник. Денеска бевме ние“, истакна Клоп.

Ливерпул на 28 мај го очекува дуел со Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, додека на две кола пред крајот на англискиот шампионат има три бода помалку од Манчестер Сити.

Слични содржини