Клоп за амбицитте во ЛШ: Веќе го совладавме најсилниот тим во Европа, можеме да го совладаме и ПСЖ

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува дека неговиот тим може да се натпреварува со секој тим во Европа, откако веќе успеал да го победи најсилниот, каков што е Манчестер Сити во неговите очи.
Ливерпул се среќаваат со Порто во 1/8-финалето во ЛШ, а очекувањата на повеќето аналитичари се Ливерпул да продолжи напред. Но, Клоп не сака да размислува за следниот круг, но тој не крие дека амбициите се големи.

„Знам дека можеме да се натпреваруваме со секој тим. Мислам дека во моментов најсилниот тим во Европа е Манчестер Сити. Веќе игравме два пати со нив на највисоко ниво. Пари Сен Жермен е малку поинаков тим, но не мислам за нив. Знам дека ако ги сретнеме, можеме да ги победиме. Тоа сепак сега не е важно. Ние имаме натпревар со Порто и само тоа е важно“, изјави Клоп.

Слични содржини