Клуге: Владата на С. Македонија направи се што е потребно околу вакцините, вашиот систем е подготвен

од Nikola Popovski
231 прегледи

Директорот на СЗО Европа, Ханс Клуге во интервју за „Топ тема“ изјави дека владата на С. Македонија сторила се што е потребно, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем да озбезбеди соодветна обука и опрема.

„Нарачката од Македонија е направена и сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ, како и со регионалната канцеларија, да се стори се што е можно побрзо“, вели Клуге.

Според комплетирани се финансиите и административните процеси.

„Во постојан контакт сум со Филипче и велат дека вашиот систем е подготвен. Од страна на вашата држава е направено се што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение да се почитуваат мерките за јавно здравје. Преку Ковакс системот, ќе добиете од вакцините на АстраЗенека“, соопшти Клуге.

Слични содржини