Кофеинот има негативен ефект врз срцето: Колку шолји кафе дневно е прифатливо да пиете?

од Stefanija Kuzmanovska

Кафето е омилен ритуал на многу луѓе и ретко кој може да го замисли утрото без шолја од овој пијалок.

Пиењето кафе има бројни здравствени придобивки, доколку се консумира умерено. Една студија покажа дека кафето може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, штити од Паркинсонова болест, заболување на црниот дроб и срцеви заболувања.

Од друга страна, во случај на прекумерно консумирање, може да се развие зависност од кофеин.

Пиењето кафе во прекумерни количини може да има негативни последици врз социјалните интеракции, здравјето и другите сфери од животот. Кофеинот потоа има негативен ефект врз срцето и може да доведе до зголемување на крвниот притисок.

Ако пиете седум шолји кафе дневно, внесувате од 500 до 600 mg кофеин, што може да ве направи повеќе склони кон проблеми како што се:

несоница,
нервоза, раздразливост и немир,
дигестивни проблеми,
забрзан пулс,
главоболки,
често мокрење
мускулен замор

Прифатливо е да пиете четири до пет шолји кафе дневно, но се зависи од тоа колку сте чувствителни на кофеин.

„Истражувањата покажуваат дека оваа количина на кофеин не треба да биде штетна за здравјето на срцето, нивото на холестерол или отчукувањата на срцето“, вели Викторија Тејлор од Британската асоцијација за срце.

Слични содржини