Кога ќе го престигнеш Меси, тогаш ПИШУВАШ ИСТОРИЈА!

од Vladimir Zorba

Во светот на фудбалот е познато дека самиот Лионел Меси постави бројни рекорди. И тоа не е фраза, едноставно човекот е еден од најдобрите фудбалери во историјата на тој спорт и логично е секогаш кога некој ќе успее да надмине негов успех добро да биде награден.

Токму тоа го направи уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, кој синоќа на натпреварот против Венецуела влезе во историјата на јужноамериканските квалификации како најдобар стрелец на тоа натпреварување досега.

Имено, играчот на Атлетико Мадрид беше сигурен изведувач на пенал против Венецуела во вториот дел со резултат 4:1 и со тоа стигна до својот 28-ми гол во квалификациите, со што го престигна за еден гол Меси кој овојпат не играше за Аргентина.

Уругваецот на тој начин се искачи на четвртото место на вечната листа на квалификациите за СП, а сега таа позиција ја дели со Иранецот Карим Багери. Само Карлос Руиз од Гватемала со 39, Кристијано Роналдо со 36 и Иранецот Али Даеи со 35 гола се пред Суарез.

Исто така, Уругвај на две кола пред крајот е на четвртото место во квалификациската група и има бод повеќе од Перу со кој ќе се сретне во следната рунда и три од Чиле со кој ќе игра во последното коло.

Слични содржини