Кои сигнали покажуваат дали мајката или таткото емоционално го злоставуваат детето

од desk4
583 прегледи

Емоционалната злоупотреба не остава физички траги како што се гребнатини или модринки, но може да остави сериозни емоционални лузни и да биде исто толку штетна и страшна за детето како и физичкото насилство.

Психолозите тврдат дека има рани сигнали  кои покажуваат кога да се препознае родителот дали  емоционално ги злоставува своите деца. Емоционалната или психолошката злоупотреба на родител врз детето подразбира модел на однесување што предизвикува емоционален стрес кај детето.

Таквото однесување влијае и на неговото чувство за самопочит, како и на правилниот емоционален развој, а вклучува и отфрлање, остри критики, закани или емоционално запоставување.

 Американските психолози истакнуваат дека емоционалната злоупотреба вклучува многу  сигнали. Меѓу нив се: постојаното критикување на детето; обвинување за проблемите на возрасните; отфрлување на чувствата на детето; намерно нанесување емоционална болка на детето;  јавно исмејување или  понижување; закана дека детето ќе биде напуштено; закани дека ќе го повредите детето или оние што ги сака, без разлика дали се пријатели, домашни миленици, браќа или сестри; често викање и пцуење на детето; често заплашување, принуда и манипулација на детето; намерно игнорирање или користење на третманот со тишина за да го контролирате неговото однесување; воздржана љубов и поддршка; занемарување на грижата за детето и неговите потреби; дозволување детето да биде сведок на семејно насилство и злоупотреба.

 Детето ја манифестира емоционалната злоупотреба, но знаците треба да бидат навреме прочитани. Меѓу нив се и тие дека кај детето има ненадејни промени особено во однесувањето на училиште, како на пример рано пристигнување или задоцнето заминување од училиште или други актвности. Исто така, таквите деца имаа постојано претпазлив став, како да чека да се случи нешто лошо.  Се труди да не биде во близина на одредени луѓе, а има и повлечено или неодговорно однесување. Децата емоционалната злоупотреба ја манифестираат и со претерано пасивно или со попустливо однесување, немаат желба да се вратат дома, и се емоционално вознемирени со постојано присуство на агресија и гнев. Пред се кај овие деца е забележливо дека има недостаток на радителски надзор. 

Не е лесно да се препознаат родители кои емоционално го злоставуваат своето дете, особено затоа што честопати не се ни свесни што прават. 

Таквите родители ретко го прегрнуваат своето дете и генерално ретко покажуваат наклонетост, го опишуваат детето како товар, често зборуваат дека не го сакаат своето дете, многу малку се грижат за своето дете, но во исто време одбиваат помош од другите, имаат тешки очекувања од децата на училиште или некоја активност, иако детето не може да ги постигне. Родителите кои емоционално го злоставуваат детето често негираат и дека има проблеми дома или на училиште. Често им кажуваат на наставниците и другите луѓе кои се грижат за детето да бидат многу строги со детето и да го дисциплинираат доколку се однесува лошо.

 Емоционалната злоупотреба може да биде неверојатно штетна за децата и може да остави доживотни ефекти кои траат дури и откако злоупотребата ќе престане.Тие може да се обвинуваат себеси за постапките на нивните родители, но исто така растат верувајќи дека не се достојни за љубов или почит.Исто така, постои поголема веројатност дека емоционално малтретираните деца ќе бидат насилни кон другите или дека ќе бараат односи со насилни луѓе, бидејќи таква е динамиката на врската во која пораснале.Затоа, не е невозможно или да станат жртви или самите да бидат агресори во текот на нивниот живот.

Ова се некои од проблемите со кои може да се соочат емоционално малтретираните деца: когнитивни тешкотии, како што се проблеми со вниманието, учењето или меморијата, лоша дисциплина и/или слаби резултати на училиште, потенцијална анксиозност, депресија или ниска самодоверба, проблеми во толкувањето, обработката и регулирањето на емоциите, склоност кон земање алкохол, никотин или наркотици на рана возраст, проблеми во однесувањето, како што се чудно постапување или напорно трудење да им се допадне на сите околу нив, промени во тежината и нарушувања во исхраната и проблеми со спиењето како што се несоница или чести кошмари.

Слични содржини