Кој е херојот на Динамо Загреб, што го „нокаутира“ Мурињо?

од Nikola Popovski

Неверојатна сензација во осминафиналето од Лига Европа создадоа фудбалерите на Динамо Загреб кои со феноменална победа го клекнаа на колена одличниот Тотенхем, а момчето кое постигна хет-трик на овој натпревар стана новата европска фудбалска сензација.

Станува збор за Мислав Оршиќ, 29-годишен играч кој вечерва му ја даде можеби најболната шлаканица на Жозе Мурињо, човек кој успеа да извлече аплауз од сите што го гледаа мечот со Тотенхем пред малите екрани и кој едноставно блескаше против фаворитот од северен Лондон.

Иако тој не е толку познат на пошироката јавност, во регионот во моментов веројатно нема љубители на фудбалот кои не започнале потрага по Интернет по ова момче.

Оршиќ ја започна кариерата во 2009 година во Интер од Запрешиќ. Тој имал одлични настапи во Хрватска, а најдобрата сезона ја имал во 2012/13, кога беше најуспешен стрелец на Интер во Првата хрватска лига со 12 постигнати голови.

После тие четири години во хрватскиот клуб, тој бил мета на многу европски клубови, а биле споменувани имиња како Торино, Лацио, Кристал Палас и други. Се зборувало дека ќе се пресели во Хајдук, дури се шпекулирало дека сè е веќе договорено, но тој не дошол во Сплит.

Оршиќ заминал во Специја, но по само една година се вратил во Риека, од каде заминал на позајмица во Целје, како и подоцна во јужнокорејскиот клуб Чунам Драгонс. Таму останал на едногодишна позајмица.

Тој имал одлични настапи, постигна десет гола со седум асистенции на 18 првенствени натпревари и бил четврти асистент во лигата таа сезона, па затоа го откупиле од Риека во Чунам. Сепак, во сезоната 2018/19, Оршиќ заминува во Динамо за обештетување од еден милион евра.

Сигурно е дека тој трансфер и тоа како се исплати, бидејќи тој постигнал 19 голови на 35 натпревари оваа сезона, а запишал и шест асистенции. Секако, ќе остане запаметен по тоа како го победи самиот Тотенхем и веројатно му го „донесе“ отказот на Жозе Мурињо, како што веќе пишуваат дел од англиските новинари.

Слични содржини