Кој е најбогатиот ангел на Victoria’s Secret?

од Vladimir Zorba
115 прегледи

 

Генералното богатство на ангелите кои дефилираха во модна ревија на Victoria’s Secret 2016-та, е оценето на 245 милиони американски долари.

Според списанието Forbes највисокоплатениот модел на брендот е Бразилката Адриана Лима, која ја предводи престижната листа, откако нејзината колешка Жизел Бундхен престана да дефилира за топ брендот за долна облека. Втора на листата е третата најмногу жешка Бразилката во светот на модата – Алесандра Амброзини.

Според експертите изборот на дадениот модел за ангел на Victoria’s Secret е огромен поттик за кариерата на соодветната девојка.

Видете кои 13 жешки убавици кои носат крилја во секси долна облека, се радуваат на најдобро платената кариера во модната индустрија:


Адријана Лима (35): 75 милиони долари

Адријана, која е најдолго време ангел на брендот – цели 16 години, има заработено 75 милиони долари, најмногу поради рекламните договори со Vogue Eyewear и Maybelline.

Алесандра Амброзини (35): 60 милиони долари

Бразилскиот супермодел, кој ја затвори овогодинешната модна ревија на Victoria’s Secret во Париз, заработил 60 милиони долари. Таа има договори со брендови како Gucci, Dolce & Gabbana и Calvin Klein, а освен тоа има свој бренд за облека.

Лиу Вен (28): 35 милиони долари

Таа е првиот ангел од Кина, коа стави крилја на Victoria’s Secret, и дефилира за брендот во 2013-та година. Убавицата е лице на Estee Lauder и долна облека на La Perla.


Кендал Џенер (21): 18 милиони долари

Кендал можеби ќе ја надмине по богатство сестра и Ким Кардашян ако кариерата и ‘се развива во истиот дух. 21-годишната бринета исто потпиша профитабилен договор со Estee Lauder.

Џоан Смолс (28): 16 милиони

28-годишната Порториканка која завршила психологија на универзит, но засега не е насочена кон оваа професија, бидејќи одлично се справува во модната индустрија.

Џиџи Адид, (21): 13 милиони долари

Најдобрата пријателка на Кендал веќе е еден од најпознатите високо платените супермодели во светот. Таа е лице на брендови Topshop и Tommy Hilfiger.

Лили Олдриџ (31): 8 милиони долари

Лили е мажена за музичарот Калеб Фолоуил – фронтмен на групата “Kings of Leon”. Таа е лице на Bulgari и Rag & Bone.

Тејлор Хил (20): 6 милиони долари

Оваа убавица е ѕвезда во подем и во модата веќе има стекнато солидно богатство за своите 20 години.

Џазмин Тукс (25): 5 милиони долари

Џазмин оваа година имаше честа да го носи најскапиот градник на Victoria’s Secret – Fantasy Bra. Таа е родена во Калифорнија.

Снимка: gettyimages.com

Марта Хант (27): 3 милиони долари

Марта е многу добра пријателка на Тејлор Свифт и учествувала во видеото хитот на поп-ѕвездата – Bad Blood. Таа е дефилира и за Michael Kors и London Fog.

Бела Адид (20): 3 милиони. Долари

Малата сестра на Џиџи ја следи во пети и во слава, и во богатство.

Елза Хоск (28): 1,5 милиони долари

Шведскиот модел има на банкарска сметка 1,5 милиони долари.

Сара Сампајо (25): 1,2 милиони долари

Португалката Сара освен што е ангел е и лице на Sports Illustrated.