Одредени бои влијаат на нас поинаку – некои нè привлекуваат, некои одбиваат, а некои дури и не ги забележуваме. Астролозите тврдат дека тоа не е случајно …
Хороскопот ни открива кој треба да биде нашиот идеален најдобар пријател, и каков човек најмногу ни одговара за партнер. Но може да ни каже и кои бои треба да ги внесеме во нашите животи … 
Водолија
Водолиите ја сакаат слободата и тоа сакаат да го покажат и со бојата на облеката што ја носат. Поради тоа најмногу им одговараат “воочливи” тонови – како што се портокалова, виолетова или метална нијанса.
Риба
Кај нив помалку се важни боите, а повеќе материјалите. Имаат богата имагинација, па затоа такви мора да бидат и материјалите што ќе ги носат. Што се однесува до бојата, пастелните се најсоодветни за нив.
Овен
Тие си импулсивни и возбудени, и тоа мора да се види. Затоа се чувствувате добро во розова или црвена облека.
Бик
Кога станува збор за вашето држење и облекување, ви се допаѓа да бидете “воздржани и пристојни”. Токму затоа, некој луд додаток ќе ви одговара – на пример, блескава зелена боја.
Близнаци
Сакате промени – дури и со облека. Сепак, вие сте верни со боите – особено ви се допаѓа сончево жолта или портокалова. 
Рак
Што се однесува до облекувањето, вие сте главно досадни. Сива и кафена се твоите омилени бои.
Лав
Сакате луксуз и така се облекувате. Што се однесува до боите, ти си летно дете и ти се допаѓаат топли тонови – може да бидат тонови од жолта до црвена боја.
Девица
Вие сте, што се однесува до вашиот избор на бои, главно во униформа и мора да внимавате да не потонете во масата. Не треба постојано да носите земјени тонови, пробајте понекогаш и некоја „пожива“ боја.
Вага
Вашата потреба за баланс и хармонија е забележлива при изборот на облека. Вие сте среќни да носите сино и зелено.
Шкорпија
Најважната работа во вашиот живот е вашата драма. Затоа, не е чудно што при изборот на облека најчесто преовладува црната. 
Стрелец
Вие сте тотална спротивност од шкорпијата. Ви се допаѓаат сите бои – важно е да биде шарено!
Јарец
Често сте воздржани и плашливи, а тоа се рефлектира во изборот на облека. Биди малку посмели во иднина!