Колач со сливи и цимет

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Десерт со сливи на кој циметот му дава посебен вкус.

Состојки:

– 1 шолја брашно

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1/2 чаша шеќер или помалку

– 1,5 лажички цимет

– прстофат сол

– 2 јајца

– 2/3 шолја млеко

– 3,5 лажици путер

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 5-6 сливи

* (мерење – шолја 2,5 дл)

– 3 лажици шеќер

– 1 лажичка цимет

Подготовка:

Сите состојки треба да бидат на собна температура.

Просејте ги брашното, прашокот за пециво и циметот. Измешајте ги шеќерот и солта.

Рачно измешајте ги јајцата, млекото, путерот и екстрактот од ванила додека не се соединат состојките.

Додадете половина од влажните состојки на сувите состојки, а потоа мешајте додека да нема грутки, но не премногу долго за да не се создадат меурчиња, а потоа додадете ги преостанатите влажни состојки.

Тестото префрлете го во кружен плех обложен со хартија за печење, па израмнете го.

Одозгора ставете сливи исечени на половина или четвртини по желба. Откако ќе се стават сливите се посипуваат со мешавина од шеќер и цимет.

Се пече во загреана рерна на 190 степени помеѓу 30 и 45 минути. Кога ќе се излади, исечете го колачот и послужете.

Слични содржини