„Од каде сте? Каде одите? Зошто ја напуштате својата земја? Каде ви е семејството?“, ова се само дел од прашањара кои на бегалците и мигрантите на илегалниот граничен премин меѓу Србија и Хрватска Беркасово – Бапска им ги поставуваше претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ, која во придружба со своите соработници изненадно се појави на бегалската рута низ Хрватска.

KolindaS1_936009S1 (1)

Китаровиќ ги испитуваше и полицајците кои соработуваат со колегите од Србија, па ги прашуваше колку меѓу бегалците има мжи, колку жени и деца. Потоа на ред  дојдоа волонтерите, зошто со мажите не се нивните семејства, како тие од Авганистан ќе дојдат во Германија.

„Сретнав само едно семејство од Сирија, а поголемиот дел ми рекоа дека одат во Германија затоа што таму има подобар живот. Значи дека првенствено станува збор за економски мигранти и колку и да ми е жал за нив, ни ЕУ, ниту Хрватска не можат да ја примат сета таа сиромаштија, мизерија и јад на овој свет. Конечно, што ќе правиме ако почнат да се враќаат по оваа рута?“- изјави хрватската претседателка.

Китаровиќ апелираше да се размислува далекорочно и дека мора да соработуваат сите соседни земји за да гоканализираат протокот на луѓе што побрзо, но и да ја контролираат својата граница за да не пропуштат елементи кои не мора да бидат терористички, туку криумчари со дрога, оружје, луѓе.

Слични содржини