Колку e богат всушност Кристијано Роналдо?

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Сите зборуваат за тоа дека Кристијано Роналдо има највисока цена од сите фудбалери во Европа во моментов, но досега се уште никој го нема пресмета всушност богатството на португалската ѕвезда на Реал Мадрид.

Тоа го направија во Шпанија, како проценија  дека во моментов неговата заработувачка состојба е четвртина милијарда евра. Или поточно од редот на 290 милиони. Во европската валута.

Приходите на фудбалерот доаѓаат од годишната плата на “Сантијаго Бернабеу”, која е 25 милиони евра. Но тоа е повеќе минималниот дел од неговите приходи во текот на годината.

Најголемите пари за него доаѓаат од неговиот договор со “Најк”, кој според медиумите во Шпанија е доживотен и со вкупна вредност од речиси половина милијарда долари. Не се открива сепак како е распределен во текот на годините.

Покрај тоа Роналдо развива три различни бизниси, од кои исто така си донесува различни приходи. Интересите му се во туризмот и модата. Само минатата година тој заработил 88 милиони долари што го прави најдобро палтен спортист за изминатите 12 месеци.