Специјалистите проценуваат колку калории можат да бидат согорени при вообичаените домашни обврски, соопшти “Дејли мејл”.
При местење кревет човек согорува 70 калории, што е еднакво на 20 минути вежбање по методот на пилатес.
Перењето согорува 148 калории, кои се еквивалент на 40 минути отпорен тренинг.
При пеглање човек се ослободува од 157 калории (30-минутен воден аеробик).
Ако сакате да согорите 161 калорија, пребришете го подот, толку согорува 30-минутно возење на велосипед.
Бришењето на правот обезбедува согорување на 166 калории, колку и кај 20-минутен аеробик.
Чистењето со правосмукалка уништува 175 калории, колку и кај 20-минутно не брзо трчање, миењето на прозорци 231 калорија (фитнес за мускулите), миењето на бањата 256 калории (20 минути на статичен велосипед), миењето на подот 259 калории (15 минути интензивно трчање) , миењето на автомобилот 314 калории (45 минути бокс или пливање).