Командантот на КФОР разговарал со амбасадорите на големата петорка за ситуацијата на Косово

Во седиштето на мисијата во Приштина се разговарало и за „дневните напори на КФОР да го спроведе својот мандат во ОН и да го поддржи дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ“

од Бети Божиноска

Командантот на мисијата на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, денеска разговарал со амбасадорите на „големите петорка“ за безбедносната ситуација во Косово и во регионот.

КФОР објави на „Фејсбук“  дека „состанокот им дал можност да се споделат статвовите за везведносните трендови во Косово и во поширокиот регион, и „за непоколебливата посветеност на меѓународната заедница за регионална стабилност“.

Во седиштето на мисијата во Приштина се разговарало и за „дневните напори на КФОР да го спроведе својот мандат во ОН и да го поддржи дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ“.

„КФОР продолжува да го спроведува својот мандат“ врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година“ да обезбеди безбедна средина за сите заедници кои живеат на Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно,“ се вели во соопштението.

Земјите од „големата петорка“ се САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција.

Слични содржини