Комеморација во Поточари: Погребани уште 50 жртви на геноцидот во Сребреница

од Nikola Popovski
190 прегледи

Бројни жители на Сребреница, како и други градови од БиХ и регионот, како и домашни и странски политички делегации денеска во Поточари им оддадоа почит на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Од рано изутрина во Меморијалниот центар во Поточари се одржуваат бројни комеморативни и верски активности во чест на убиените Бошњаци во градот на истокот на Босна и Херцеговина.

По комеморацијата, на која се обратија бројни делегации, меѓу кои и министерот за одбрана на Холандија, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Светскиот еврејски конгрес, следеше верскиот дел од програмата, пренесува „Klix.ba“.

Делегациите положија цвеќе пред споменикот на убиените жртви на геноцидот, по што почна погребот на 50-те жртви на геноцидот, кои денеска ќе го најдат својот мир во Поточари.

Сите 50 жртви кои денеска беа погребани во Поточари имаат нецелосни посмртни останки.

Девет од нив беа пронајдени минатата година во масовна гробница во Калиновик, а останатите беа пронајдени порано во други масовни гробници.

Во Поточари досега се погребани вкупно 6.671 жртва на геноцидот, односно посмртните останки кои беа пронајдени во бројни масовни гробници.

Слични содржини