Комисијата разгледува воведување на нови рестриктивни мерки: Угостителските објекти да работат до 18 часот

Комисијата за заразни болести, денес ќе разговара за евентуално воведување на нови рестриктивни мерки, во рамки на претстојните празници.

Исто така, се очекува и одлука за работното време на угостителските објекти, за кои се зборува дека предлогот е работно време од 18. декември до 21. јануари до 18 часот.

Претходно денес, од НУК информираа дека добиле покана за состанок од страна на министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, како и дека има слободни кревети.

Слични содржини