Компаниите “Ју Тјуб”, “Фејсбук”, “Твитер” и “Мајкрософт” се здружуваат против тероризмот

од desk3

Компаниите “Ју Тјуб”, “Фејсбук”, “Твитер” и “Мајкрософт” ги објавија плановите да се обединат за борба против екстремистичките содржини дистрибуирани на нивните сајтови.

Во заедничката изјава тие велат дека се надеваат на ефикасна соработка против глобалната закана од ширење на терористички материјали на интернет.

Компаниите планираат да формираат заедничка база на податоци на уникатни “дигитални отпечатоци” кои ќе “уриваар” фото и видео материјали поврзани со терористичка активност. Овој софтвер им овозможува на компаниите да чуваат во оваа база на податоци материјали кои веќе биле отфрлени од нивните сајтови поради екстремистичка пропаганда.

Со веќе собраните информации софтверот ќе бара слични материјали на нивните платформи и ќе помага за елиминирање на нив. Базата на податоци ќе биде пуштена на почетокот на 2017г.

Слични содржини