Конечно донесена пресудата: Дали „Stairway to Heaven“ е плагијат?

Бендот Лед Зепелин го доби долгогодишниот спор во поглед на авторските права, бидејќи американскиот суд пресуди дека легендарниот британски рок бенд не го копирал хитот „Stirway to Heaven“, пишува BBC.

Во 2014 година, бедот беше обвинет дека ја „украл“ песната „Taurus“ на американскио бенд Спирит. „Taurus“ настанала во 1968 година, три години пред да биде напишан хитот „Stirway to Heaven“.

Судот во Сан Франциско ја потврди првостепената пресуда во 2016 година, со која било утврдено дека Лед Зепелин не го копирал популарниот инструментал од песната.

„Stirway to Heaven“ редовно се појавува на листата најголеми рок хитови некогаш напишани, а случајот е еден од најдолготрајните во музичката индустрија.

Доколку било утврдено спротивното, пејачот на Лед Зепелин, Роберт Плант и гитаристот Џини Пејџ, ќе мораа да платат милионски износи на отштета.

Песната на бендот Спирит ја напишал гитаристот Ренди Волфи, познат како Ренди Калифорнија, кој починал во 1997 година. Тужбата во 2015 година ја поткренал застапникот на покојникот Волф Мајкл Скидмор, обвинувајќи ги Плант и Пејџ за кражба.

Процесот во 2016 година е преместен н највисокиот суд, каде сведочеле Пејџ и Плант. Жирито ги отфрли тврдењата, носејќи одлука по која песните „не се слични“. Но, судот во Сан Франциско во 2018 година пресуди дека на претходните судски процеси биле направени грешки и закажа нови рочишта.

Панелот од 11 судии во понеделникот, 9 март, донесе конечна пресуд по која „Stirway to Heaven“ не е плагијат на песната „Taurus“.

Слични содржини