Конте гледа во Канте решение за средниот ред на Интер

од Vladimir Zorba

Тренерот на Интер, Антонио Конте сака да купи уште неколку искусни играчи во летниот преоден рок, вклучувајќи го и Н’Голо Канте на Челси.

Според италијанските медиуми, Конте е незадоволен, затоа што во тимот нема искусни играчи, поради што тимот често ја губи предноста што ја добива на натпреварите.

Интер изгуби 20 бода во натпреварите во Серија „А“ во кои водеа оваа сезона и моментно се на четвртото место на табелата.

Покрај Канте, Конте ги сака и Артуро Видал од Барселона и Емерсон Палмиери од Челси.

Како што објави „Газета дело спорт“, прв на списокот со желби е Канте, на кого не му е загарантирано место во тимот на Франк Лампард. Французинот оваа сезона има одиграно 27 натпревари за Челси и постигна три гола, имаше проблеми со повреда и нема играно на последните два меча.

Конте и Канте соработуваа додека италијанскиот тренер работеше во Челси, од 2016 до 2018 година, а Французинот за тоа време одигра 89 натпревари.

Договорот на Видал со Барселона истекува во јуни 2021 година. Раководството на Интер не сакаше да плати 20 милиони евра во јануари, колку што бараше Барселона.

Челси го проценува Емерсон на 20 милиони евра.

Слични содржини