Конте сѐ поблиску до Наполи, објавено колку би заработувал

од Nikola Popovski

Наполитанците го чекаа одговорот на Џан Пјеро Гасперини, а кога тој пристигна се свртеа кон Антонио Конте. Тренерот на Аталанта ќе го продолжи договорот на две плус една година со тимот што го предводеше во Купот на УЕФА Лига Европа, а Наполи најверојатно во следните три сезони ќе го води Антонио Конте.

Според пишувањата на медиумите, Конте и претседателот Аурелио Де Лаурентис постигнале договор за тригодишна соработка за 6,5 милиони евра по сезона и со бонуси кои би можеле да се стигне до заработка на тренерот која ќе надмине 20 милиони евра.

Лошата сезона и дури тројца сменети тренери го натера Де Лаурентис да сфати дека овој тим мора да му верува на докажан тренер. Конте ги предводеше Јувентус и Интер до титули (четири), освои два италијански Суперкупа.  Сепак, неговата неуспешна епизода во Тотенхем не беше важна за наполитанците.

Поранешниот селектор на Италија отсекогаш го почитувал Наполи, има добри односи со Де Лаурентис, а италијанските медиуми очекуваат утре клубот и официјално да го потврди доаѓањето на Конте на жешката клупа на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Слични содржини