Почетна / TOP NEWS / Копија на Мона Лиза од 17 век продадена за 552.500 евра

Копија на Мона Лиза од 17 век продадена за 552.500 евра

Копија од 17 век на сликата „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи денеска е продадена на аукција во Париз за 552.500 евра.

Цената што ја постигна сликата е многу повисока од првичната проценка, која беше помеѓу 70 и 90 илјади евра.

Оригиналната Мона Лиза, на која сликарот почнал да работи во 1503 година, е изложена во музејот Лувр повеќе од 200 години.

Се верува дека на сликана Лиза, сопруга на трговец со свила од Фиренца, Франческо дел Џакондо.

loading...