Корона кризата ја зајакна улогата на државата и може да ја зајакне и ЕУ

од Vladimir Zorba

Улогата на државата како заштитник и стратег се здоби со важност со кризата поради пандемијата од коронавирусот, но исто така може да и овозможи на ЕУ да стекне карактеристики на федерална држава, велат експертите кои овој викенд се собраа на видео конференција организирана од Франција.

„Сите граѓани на светот сфатија дека здравствените системи се апсолутно неопходни, треба да постои држава која мора да нè заштити и да се справи со безбедноста, солидарноста, снабдувањето со вода и храна“, објасни шпанскиот министер за економија Надја Калвино на видео конференција како дел од регионалниот економски собир.

Поради кризата, државите усвоија политики за поддршка на буџетот, зголемувајќи ги нивните дефицити, додека централните банки ја одржуваа економијата во живот со инјектирање ликвидност и задржувајќи ги каматните стапки на дното.

„Јавното трошење и прашањето за ефикасноста на државата, и како суверена влада, и како социјална држава, и како стратег, е централно прашање во наредните години“, рече економистот Кристијан Сенетјен.

Некои учесници во дебатата се залагаа за зајакнување на економската улога на државата да биде само привремено, како што е гувернерот на Банката на Финска, Оли Рен.

Тој рече дека „важно е европските земји да го искористат просторот за маневар што им е оставен (според политиката на Европската централна банка) за спроведување на структурни реформи“.

Додека владите и другите институции сакаат да ја играат улогата на заштитници, недовербата кон глобализацијата никогаш не била посилна отколку што е сега, рече Јан Алган, професор по економија на Институтот за политички студии.

Тој верува дека „кризата КОВИД-19“ го означи „крајот на глобализираниот капитализам“ по „триумфите во последните децении“.

Кризата ја потресе Европа, со мерки кои привремено ја прекинаа слободата на движење, додека земјите забрануваа извоз на медицински маски и опрема.

„Кога започна кризата КОВИД-19, се зборуваше дека Европа не е на висина на задачата. Имаше многу малку потези за стабилизација, многу малку координација. За прв пат по долго време, ја видовме границата помеѓу Германија и Франција“, истакна Хенрик Ендерлеин од „Hertie School“ во Берлин.

Земјите на ЕУ и нивните заеднички институции бргу го сфатија ризикот од распаѓање на Унијата и сега работат на нејзино зајакнување.

На европско ниво, „гледаме дека ќе се појави нешто што јас би го опишал како федерализам парекселанс, односно како момент кога се создава држава во време на криза“, анализира Ендерлин.

Во пораката на таа видео конференција, Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави денеска дека Европа „ќе излезе од кризата КОВИД-19“ пообединета отколку порано.

Дејствувањето на Европската централна банка за време на кризата, во секој случај, овозможи да се избегне повторување на грешката на делување доцна во страв, како за време на финансиската криза од 2008-2009 година.

ЕЦБ успеа да го стори тоа затоа што е „единствената навистина федерална институција на европско ниво“ што ја има поддршката на „мнозинството гласови“, што и овозможува да „делува на европско ниво како вистински државна институција“, објасни Ендерлин

Жан-Луис Жиродол, од банката „Лазар“, процени дека планот за обновување од 750 милијарди евра, кој допрва треба да го одобрат шефовите на држави и влади на ЕУ, „укажува дека ова сега може да биде почеток на федерална Европа“.

Сепак, иако преговорите за обид за постигнување компромис меѓу 27-те земји-членки за планот за закрепнување се интензивираат, тие сепак се „многу тешки“, а позициите на земјите членки „сè уште се далеку едни од други“, рече германската канцеларка Ангела Меркел во средата. .

За Фон дер Лејен, „повторното стартување на економијата и општеството ќе биде ново поглавје во нашата историја (…) веќе гледаме нов здив, нов поттик, ново европско единство“.

„Европската комисија веќе нема да дава само заеми, туку и директни трансфери на пари“, рече банкарот Жиродол, потенцирајќи дека сега е време за правилни потези на ЕУ, во манир на вистинска држава: и за данок на границата за потрошувачка на јаглерод. и за данок на „дигиталните гиганти“.

Слични содржини