„Коронавирусот е клинички мртов“

од Stefanija Kuzmanovska

Примариусот на болницата во Милано, професорот Алберто Зангрило, лекар на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, повтори дека „коронавирусот е клинички мртов“.

Според весникот „Ла Стампа“, лекарот кој е и проректор на познатата миланска болница „Сан Рафаеле“, а чии тврдења предизвикаа бура на полемики минатата година, тврди дека заклучил дека врз основа на малиот број на пациенти, вкупно 11 кои се примени во болница, кои имале полесна форма на инфекција и биле испратени на домашно лекување.

За неговиот најпознат пациент Силвио Берлускони, тој вели дека откако се опоравил од ковид 19, бил вакциниран и се чувствува добро.

Професорот Зангрило, сепак, препорачува сите да се вакцинираат против вирусот ковид-19 и тврди дека сите три негови синови, на возраст од 25 до 33 години, биле имунизирани и би инсистирал да бидат вакцинирани и помладите.

Слични содржини