Коронавирусот изговор за побуна во затворите во Италија, веќе има шест мртви (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Неколку мртви и повредени е досегашниот биланс по нередите што избија во неколку италијански затвори по воведувањето на рестриктивни мерки поради коронавирусот.

Најголемите безредија се случија во затворот во Модена, а според синдикатот на полицијата дека помали бунтови имало и во 27 други казнено-поправни установи. Во нередите се повредени и неколку полицајци, кои веднаш се префрлени во болница каде им се укажува медицинска помош.

Во истиот затвор имало обид да се запали и влезната врата на установата, но со реакција на противпожарните екипи е спречено огнот да се прошири во објектот. Италијанскиот весник Ла Република, објави дека двајца од затворениците всушност починале од предозираност со дрога, која ја земале за време на нередите. Повеќе италијански медиуми прават пренос во живот од бунтовите, а на видеата во живо можат да се забележат поголем број затвореници качени на покривите од установите.

Полицијата објави дека во затворот во градот Фоџа, за време на нередите успеал да избега 60-годишен затвореник. Безредијата избувнаа откако беше донесена одлука да се ограничи движењето на затворениците, како превенција од ширењето на коронавирусот.

 

Слични содржини