Коронавирусот ќе не научи на нови навики: Во кафулињата држење растојание, маска задолжително

од Берта Китинска
498 прегледи

Заврши најдолгиот, 85-часовен карантин кој ги задржа граѓаните дома за време на велигденските празници. Ефектот од ваквите рестриктивни мерки чија цел е спречување на ширењето на коронавирусот, властите го очекуваат на почетокот на мај, за кога и најавуваат дека ќе почне олабавувањето на некои од нив и враќање на животот во нормала.

Кафулиња

Оперативен план за олабавување на владините мерки и вонредната состојба поради коронавирусот, најавува техничкиот премиер Оливер Спасовски. Плановите за нормализацијата треба да почнат по 1 мај

„Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“, напиша техничкиот премиер на својот Фејсбук профил.

Од Владата велат дека во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите, но дека тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метри дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, брифираат од Владата.

Во својата обраќање пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче најави дека коронавирусот ќе донесе трајни промени.

-Ќе ги зголемиме обврските на матичните доктори така што откако ќе се олабават мерките, да бидеме подготвени на секундарниот удар. За неколку недели откако мерките ќе се прекинат ќе треба да се навикнеме на новиот начин на однесување и живот, ќе почнат со работа кафулињата каде ќе мора да се практикува држењето на растојание, изајви Филипче.

Во Хрватска, здравствените власти издадоа упатства за тоа како ќе работат овие објекти. Директорот на Заводот за јавно здравство на Хрватска Крунослав Цапак објасни дека во кафулињата и во рестораните луѓето нема да може да седат едни до други.

Ако досега имаша маса за четворица, на неа сега ќе може да седат еден или двајца. Ќе мора да се дезинфицира се откако ќе си заминат гостите, изјави Цапак.

 

 

Слични содржини