Коронавирусот може да опстане и до девет дена ако не се дезинфицираат контаминираните површини

од Aleksandar Petrovski
160 прегледи

Загриженоста заради ширење на епидемијата коронавирус го наметна прашањето колку долго овие микроорганизми можат да преживеат на различни површини, па кинеската централна банка презеде и мерки на длабинско чистење и уништување на готовината која повеќе пати дневно преоѓа од рака во рака.

Не се знае точно колку долго коронавирусот може да се задржи на контаминирана површина и на предметите и на тој начин евентуално да ја прошири заразата, но некои научници се обидуваат да најдат одговори споредувајќи го непредвидливото однесување на останатите коронавируси, пренесува Си-Ен-Ен.

Коронавирусите ја сочинуваат големата група на вируси вообичани кај животните. Во ретки случаи тие стануваат она што научниците го нарекуваат зоонотски вируси, што значи дека може да се пренесат од животни на човекот, наведуваат во американскиот центар за превенција и контрола на болестите.

Чистењето на површините по дома со вообичаени средства за хигиена може да биде од корист. Хуманите коронавируси можат во целост да се неутрализираат со дезинфекција на површина од 62 до 71 постотен етанол, 0.5 постотен хидроген или 0,1 процентен натриум хипохлорид или примена на обичен обелувач или варакина која треба да се остави да делува околу една минута.

„Според моментно достапните податоци, најмногу би требало да се потпреме на податоците за сарс коронавирусот кој изгледа е најблизок на новиот коронавирус со кој има околу 80 отсто сличност во споредувањето со останатите тестирани коронавируси. Во случајот на сарс, распонот на постојаност на неживите површини се движел од пет минути до девет дена“, вели за Си-Ен-Ен, Чарлс Чиу, професор по инфектологија на универзитетот Калифорнија во Сан Франциско.

Во центарот за контрола и превенција на болести напоменуваат дека коронавирусот веројатно најчесто се пренесува со респираторни капки кои настануваат со кашлање и кивање, како и дека коронавирусите тешко опстануваат на површините, но и натаму има многу да се научи за болеста на новиот коронавирис наречен Ковид-19.

„Можеби можно е некој да добие Ковид-19 со допир на површината или предметот на кој е вирусот, а потоа со така инфицирани раце ја допре својата уста, нос или очи, но тоа не се смета за главен начин на ширење на вирусот“, истакнуваат во Центарот за контрола и превенција од болести.

Професор Фергусон верува дека стапката на смртност веројатно е пониска заради огромниот број на поблаги случаи кои се уште не се идентификувани и укажуваат дека новиот вирус многу брзо се шири на популацијата, но треба да бидеме информирани и да не се паничи.

„Ако имате недоумици, мои препораки се често да ги миете рацете, да избегнувате контакт со болни луѓе, да останете во куќен карантин по совет на здравствените работници доколку сте биле во контакт со заразена личност или некој кој се сомнева дека е заразен“, советува доктор Чиу, кој нагласува дека поголема опасност е да се заразиме од грип отколку со новиот коронавирус, што значи добро би било да се вакцинирате.

Слични содржини