Коронавирусот зема замав, во тек е вакцинацијата

од Берта Китинска

Коронавирусот и неговите мутации се повеќе се шират низ населението. И вчера во статистиката на министерството за здравство беа забележани висок број на  заразени и починати лица.

Според надлежните иако се наоѓаме во пикот, нема потреба од воведување на нови мерки бидејќи вирусот е раширен и истите не би дале ефект.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Клик плус“ истакна дека  балансираните мерки кои се веќе спроведени во нашата земја даваат резултати.

-Ние веќе подолго време имаме балансирани мерки, изминатиов период имаме рестрикциите кои се умерени каде ги намаливме  контактите кај младите за кои се утврди дека се пренесувачи  на вирусот.Во моментов кога имате висока трансмисија на вирусот може да дадат резултат само балансирани мерки како овие што се досега, рече Филипче.

Во земјава  започна имунизацијата со “АстраЗенека“. Наредните денови ќе се вакцинира населението кое е над 77 години.

Вчера беше забележа и првиот случај со реакција  по примањето на АстраЗенека во Србија. Според информациите на министерот за здравство Венко Филипче станува збор за 28 годишна девојка која е на болничко лекување на скопските клиники поради тромботична реакција од вакцината, Симптомите ги добила 6 дена по боцкањето – имала тромбоза на вената на едното око по што побарала лекарска помош.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Слични содржини