Коронавиурсот стивнува, наскоро пристигнуваат вакцините и лекот „Ивермектин“

од Берта Китинска
460 прегледи

Изминатиов период е забележан пад на бројот на новозаболени лица со ковид, но бројот на смртни случаи предизвикани од вирусот се уште е двоцифрен.

Пeриодот  пред нас ќе покаже дали доволно сме ги почитувал мерките за време на новогодишните празници.

Вакцини против ковид

-Одлична вест на почетокот на годината. Првата доза од 5850 вакцини против Ковид 19 од производителот Фајзер ситигнува во февруари, а во директни преговори обезбедивме 800.000 дози за цела 2021. Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе ја утврдиме, информираше министерот за здрвство Венко Филипче.

Вакцини ќе пристигнат од Бугарија, Полска и Грција.

Денес Австрија покажа спремност како Бугарија, Полска и Грција, да отстапи одреден процент од нивните вакцини. Имаме фрижидери кои се користеа за друга намена конкретно во институтот за трансфузиологија.Тие сега се сервисирани и наменети за чување на вакцината така да и без фрижидерите кои треба да пристигнат за две недели, подготвени сме за да ја пречекаме вакцината. Така да во однос на чување и транспорт подготвени сме да го започнеме целокупниот процес на имунизација во оној момент кога вакцините ќе бидат достапни во наша земја, изјави министерот за здравство за Телма.

Лекот Ивермектин, пристигнува во Македонија

Ивермектин, кој е евтин лек и влева надеж во лекувањето на болните од Ковид 19, неделава пристигнува во Македонија. Агенцијата за лекови МАЛМЕД дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава.

„Се очекува да пристигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Сите административни процедури се завршени и сега прашањето е техничко кога ќе можат компаниите физички да го донесат, имајќи предвид дека има локдаун во неколку држави заради празниците“, велат од Министерството за здравство. Засега не се знае колкави количини од лекот првично ќе бидат набавени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047.

 

Слични содржини