При крај се подготовките за Евробаскетот 2025 година, но очекувано, земјите од Стариот континент веќе размислуваат за следниот, и за тоа кој ќе биде домаќин на престижното натпреварување. Засега се чини дека Шпанија е прв фаворит, а за да ја „засладат“ својата понуда, од земјата решиле да понудат вистински спектакл за потенцијално финале.
Имено, бидејќи одлуката за домаќинот ќе биде донесена на 22 мај, тамошната кошаркарска асоцијација сака да претстави идеја финалето на турнирот да се игра на стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“. Тоа би значело дека потенцијалното финале би го следеле дури 80 илјади луѓе, колку што е капацитетот на престижното спортско издание.
Според локалните медиуми, планот е најголемиот дел од турнирот да се игра во „Визинк центар“, кој е дом на кошаркарската секција на „Лос Бланкос“. Засега не е познато дали организацијата размислува уште еден дуел од натпреварувањето да се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Треба да се додаде дека има индиции дека првиот дуел од првенството ќе се одигра на фудбалскиот стадион, како што пренесува „Basketnews“.
Santiago Bernabeu to host EuroBasket 2029 opener if Spain wins hosting rights 😮🇪🇸 pic.twitter.com/MNlj4PyD1A
— BasketNews (@BasketNews_com) April 10, 2025
Исто така, Евробаскетот би претставувал само дел од многу поширок план, а тоа е Мадрид да се пријави за Олимписките игри во 2036 и 2040 година. Во секој случај, Шпанците прво се надеваат дека ќе бидат домаќини на најдобрите кошаркарски репрезентации на Стариот континент, а дури потоа ќе бидат организатори на најголемиот спортски настан на планетата.