Косово: Министерката за надворешни работи сменила 12 амбасадори

од Nikola Popovski
259 прегледи

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала Шварц, сменила 12 амбасадори назначени според политичкиот клуч и побарала од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да го потпише указот за нивно повлекување од дипломатските мисии.

Како што најави заменик министерот за надворешни работи и дијаспора, Кресник Ахмети, повеќе детали ќе бидат познати утре кога ќе се знае дали претседателот на Косово го прифати барањето за отповикување на амбасадорот, бидејќи тоа е нејзин уставен овластување.

Порталот „koha.net“ објави дека се сменети амбасадорите Беке Цуфај (Германија), Наит Хасани (Албанија), Чендрим Гаши (Франција), Арбер Влахиу (Чешка), Лирим Грејкевци (Холандија), Шпенд Калаба (Унгарија), Гезим Касаполи (Хрватска), Авни Кастрати (Словенија), Ѓерѓ Дедај (С. Македонија), Хајдин Абази (Австралија), Илбер Хиса (Црна Гора), Авни Арифи (Обединети Арапски Емирати) и Амир Ахмети (Катар).

Поранешниот министер за надворешни работи и дијаспора и сегашен претседател на косовскиот парламент, Глаук Коњуфча, побара повлекување на петмина амбасадори за време на првата влада на Албин Курти, што тогашниот претседател на Косово, Хашим Тачи, не го прифати.

Слични содржини