Косовските екологисти реагираат дека по патиштата се возат стари автомобили

од Vladimir Zorba
81 прегледи

 

Косовските екологисти се загрижени поради големиот процент стари возила што се движат на патиштата на Косово.

Според нив, ваквите возила многу влијаат на загадувањето на воздухот, како и врз зголемиот број сообраќајни несреќи.

zx450y250_766516

Екологистите наведуваат дека во земјата има над 385.000 активни возила, додека 308.000 се регистрирани во 2015 година.

„Просечната старост на возилата што се движат по патиштата низ Косово е 18 години или поинаку кажано десет години повеќе од просекот на возилата што возат низ земјите на Европската унија“, се наведува во анализата на Институтот за авансирано истражување „Гап“.

Во март минатата година косовската влада ја укина забраната за увоз на возила, односно старосната граница, што значи дека без оглед на годината на производство возила може да се увезуваат