Костовски: Евроинтегративниот процес оди во вистинска насока

од Vladimir Zorba

Секогаш кога државата оди во вистинска насока во евроинтерациите, ВМРО-ДПМНЕ прави се за да го попречи напредокот, најавуваат референдум, иако имаа докажан неуспешен обид за собирање потписи за пописот, имаа проактивна улога во бојкотот на референдумот за НАТО, така што идеејата за референдум личи на политички памфлет, со цел ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да се поигрува со нациоаналните чувства на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во утринската емисија Клик плус на ТВ21.

Костовски нагласи дека она што е важно во дадениот момент е што се рападнаа сите лаги со кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски си поигруваа со луѓето ги замајуваа, дека некој нешто преговара, дека се продаде јазикот, а македонскиот јазик е призанен, де факто и де јуре станува рамниоправен со другите европските јазици.

Самите преговори се водеа единствено во согласност со Резолуцијата што беше поставена во Собранието, предложена од ВМРО – ДПМНЕ каде што апсолутно мнозинство на пратеници дадоа поддршка сметајќи дека тука се заштитени црвените линии, од самата резолуција ние го валоризиравме прифаќањето на европскиот предлог за започнување на самите преговори, истакна Костовски.

Пратеникот Костовски нагласи дека воопшто не треба да се манипулира со јавноста во делот на јазикот, но во услови кога се стои на едно статус кво место 17 години, мора да се направат храбри чекори, никој не го продаде македонскиот јазик, во овие преговори и излеговме победник, со заштитен јазик и идентитет.

Евроинтегративниот процес оди во вистинска насока и тоа е поздравено од сите наши пријатели на меѓународната политичка сцена. Јас и мојата партија СДСМ сме среќни за таквото одвивање на целата состојба со Република Бугарија, и тоа како сме горди на себе како политичка гарнитура која презема обврска, притоа некалкулирајќи со своите лични рејтинзи, рејтинзи на партијата, истакна Костовски.

Тој потсети дека и при влезот на Македонија во ООН, ВМРО ДПМНЕ беше против, во 2001 година кога ВМРО -ДПМНЕ беше на власт беше против запирање на војната, односно конфликтот кој се случи, беа против влезот во НАТО, познати се сите деструктивни политики кои ги правеше ВМРО – ДПМНЕ сиот овој период а притоа многу паметно, мудро и расипано си поигрува со националните чуства на граѓаните, за овие 15 дена ги поделија луѓето по секаква основа.

СДСМ преку своите демкратски чекори, успешна дипломатија овозможи државата да стане полноправна членка на НАТО, СДСМ го реши на статусот на МПЦ, започнаа преговорите за членство во Европската унија, идентитетот е заокружен, гарантиран Ние сме во иднината, возот тргна, купувајте карта за последните седишта или ќе останете надвор, и порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини