Костовски: Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да ги рехабилитираат насилниците од „крвавиот четврток“

од Vladimir Zorba

„Додека цел свет протестира против насилство, ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира за одбрана на насилство и одбрана на насилниците од 27 април. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на браникот на криминалот, насилството, на страната на режимот“, реагира Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа спроти интересите на граѓаните кои ги претставуваат и кои преку Буџетот ги плаќаат. Наместо да работат во интерес на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеникот од Куманово, Бране Петрушевски, работат во интерес на нивниот ментор од Будимпешта, Никола Груевски.

Во Собранието шират лажни вести, блокираат и кочат, надвор од Собранието бранат криминал и насилство, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и овде во Куманово и низ целата држава. Колку и да се обидуваат нема да успеат да одбранат криминал, ниту да ги рехабилитираат насилниците од крвавиот четврток“, посочува Костовски.

Слични содржини