Костовски: Македонскиот јазик одекна во Брисел, македонскиот јазик влезе во ЕУ

од Берта Китинска

По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ.Со одржувањето на првата меѓувладина конференција денеска во Брисел, започна преговорите со Унијата, кажа на прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

-Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.Македонскиот јазик одекна во Брисел, македонскиот јазик влезе во ЕУ.Не смао што се говореше на македонски јазик, беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки, кажа пратеникот.

Тој посочи дека преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

-Ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност, во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.Со ова, пропаднаа во вода сите лаги што со месеци ги слушавме од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Денеска никаде го нема, ниту да се извини пред граѓаните ниту да честита за почеток на преговорите.На оние кои ги злоупотребија граѓаните нека им суди историјата.СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ за заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет, вели тој.

Слични содржини